ноември 21, 2023

ЕДУКАЦИЈА ПО ПРВА ПОМОШ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОД ИЗВОР И БОГОМИЛА

Под мотото „Првата помош спасува живот“, во просториите на ООУ „Петар Поп Арсов“ во населеното место Извор во Општина Чашка се реализираше едукација за наставниот кадар. Целта е тие да ги освежат нивните знења за оваа живото спасувачка вештина, но дел и да научат повеќе за првата помош. На активноста присутни беа вкупно 23 лица, од училиштата во Извор и во Богомила. Тие ги видоа постапките при срцево-белодробно оживување, крварења, рани, скршеници, повреди и останати ситуации во кои треба да се пружи прва помош.

Едукацијата ја изведе Др. Владо Хаџи Наумов волонтер во над 40-годишно искуство во Црвениот крст, со асистенција на волонтери и вработени од стручната служба.

Едукацијата е дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ со која Општинската организација на Црвен крст од Велес во текот на есенските месеци планира да опфати околу 500 ученици и наставници од повеќе училишта. Во изминатиот период акцент се става на руралните средини.

< врати се назад