ЕДУКАЦИЈА ЗА БОЛЕСТИ НА ЗАВИСНОСТ ВО ГИМНАЗИЈАТА
Во организација на Училишниот клуб на Црвен крст при гимназијата „Кочо Рацин“ и средношколската заедница од училиштето се одржа едукативно предавање на тема: Болести на зависност. На предавањето присутни беа по двајца претставници од секое одделение. Тие можеа да научат за сите несакани и штетни ефекти кои ги предизикуваат болестите на зависност, со акцент ставен на дрогите.
Презентацијата ја одржа Д-р Мартин Хаџи Наумов волонтер во Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и долгогодишен координатор на проектот „Превенција од ХИВ помеѓу лица кои инјектраат дроги“ кои во Велес се спроведува 13 години.
Овој начин на едукација на младите досега се покажува како најдобра форма на превенција. Преку примери и слики тие дирекно ги гледаат штетните последици од овие болести.