октомври 19, 2021

ЕДУКАЦИЈА ЗА ДИЈАБЕТ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ

Како да се препознаат раните симптоми на дијабетис? Колку белеста е опасна и може да предизвика компликации? Како да се заштитиме и лекуваме? Видови на терапија. За сето ова беа едуцирани членовите во Здружението на пензионери, со акцент на Активот на жени кои беа најмногубројни на едукацијата која ја изврши Црвениот крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес преку Д-р Кевица Шопова Клифова долгогодишен волонтер најмногу вклучена во реализација на здравествено превентивната програма.

Едукацијата се одржа по повод Неделата за бобра против шеќерната болест која се одбележува од 10 до 16 октомври. Истата пробуди голем интерес кај членовите во Здружението. Тргнувајки од лични искуства или болест на членови од најблиското опкружување посетителите на предавањето имаа многу прашања и дискусии на кои добија соодветни одговори.

< врати се назад