октомври 28, 2022

ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА

Во просотриите на ООУ „Тодор Јанев“ во Општина Чашка се одржа едукација за рак на дојка. Пред присутните говореше Д-р Филип Тодоровски волонтер со над 40 годишно искуство во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и еден од лекарите кои своевремено е најзаслужен за рано откривање на оваа болест кај многу жени во Велес, Градско и Чашка преку реализација на теренски работилници и прегледи.

Присутните на едукација, која се одржа на 27-ми октомври, можеа да научат за ракот на дојка. За контролните прегледи кои секоја жена треба сама да ги прави, за симптомите, лекувањето и последиците од ова заболување.

Настанот на кој присувстуваа околу 30-тина слушатели партнерски се одржа со Организацијата на жени и Општина Чашка преку Комисијата за еднакви можности.

< врати се назад