декември 11, 2020

ЕДУКАТИВНИ ПОСТЕРИ ЗА УЧИЛИШТА ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ги поделија едукативните постери за заштита од COVID 19. На истите сликовито е прикажано како правилно се става заштитна маска и како правилно треба да се мијат рацете во осум чекори. Постерите се наменети главно за учениците во основните училишта во рурални средини.

Како дел од активноста волонтерите на Црвен крст доставија постери во основните училишта во: Богомила, Извор, Согле, Чашка, Горно и Долно Јабилиште, Горно Врановци, Сливник, Бузалково, Сујаклари, Мамутчево, Иванковци, Отовица, Раштани, Градско, Водоврати, Ногаевци.

< врати се назад