ноември 25, 2026

ЕДУКАЦИЈА ПО ПРВА ПОМОШ ВО ЧАШКА И МЕЛНИЦА

Во ООУ „Тодор Јанев“ во општина Чашка и во училиштето во Мелница се одржаа две едукативни предавања по прва помош, на кои присуствуваа вкупно 125 ученици.

Предавањата ги одржа д-р Марија Давчева, која на учениците им ги претстави основните постапки за укажување прва помош при различни повреди и итни ситуации.

Учениците имаа можност и практично да се запознаат со постапките за реанимација, згрижување скршеници и крварења, како и со правилното постапување при задушување.

Преку ваквите активности, младите стекнуваат знаења и вештини кои можат да помогнат во спасување човечки живот.

< врати се назад