октомври 24, 2024

ЕВАКУАЦИСКА ВЕЖБА ВО ВЕЛЕШКАТА ГИМНАЗИЈА

Успешна евакуациска вежба во Средното општинско училиште „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес. Учениците и вработените покажаа како правилно да се постапи во случај на катастрофа.

На евакуациската вежба со свои тимови учество зедоа Општинската организација на Црвен крст, Територијалната противпожарна единица и Секторот за внатрешни работи од Велес.

Улогата на Црвен крст во вежбата беше една од позначајните. Командантот на Тимот за одговор при катастрофи Петре Петрушевски, одржа едукација за вработените на која детално им го објасни планот за евакуација, можните ризици и дејствувањето на секој од вработените.

Во евакуациската вежба директни учесници беа околу 500 лица.

< врати се назад