октомври 8, 2026

ФОРУМ НА МЛАДИ „И ЈАС МОЖАМ ДА СУМ ВОЛОНТЕР“

Во Европска куќа, го одржавме Форумот на млади „И јас можам да сум волонтер“, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, во рамки на Неделата на млади.

Форумот беше можност младите да слушнат различни волонтерски приказни, да разговараат за предизвиците и можностите за младите во волонтерството и за тоа каква улога можат да имаат младите во иднината на Црвениот крст.

Во панел дискусијата учествуваа Игор Стојков, Клементина Ѓорѓиева и Љубе Лазов, кои низ своите искуства разговараа на темите „Мојата волонтерска приказна“, „Млади и волонтерство“ и „Црвениот крст во следните години“.

По панелот, младите имаа можност да се вклучат во трите интерактивни катчиња – Прва помош, Дисеминација и Ментално здравје, каде преку различни активности ги освојуваа печатите во своите волонтерски пасоши.

Во рамки на настанот беа доделени и благодарници за учесниците во Летната програма, како и сертификати за нашите врснички едукатори – Елена Попова, Елена Коларова, Матеја Матева и Кристина Костовска.

На крајот, учесниците кои ги собраа сите три печати во своите волонтерски пасоши добија и мал подарок за успешно завршените предизвици. ❤️

Благодарност до сите млади кои вечерва беа со нас, учествуваа, споделија, прашуваа и покажаа дека волонтерството има свое место меѓу младите.

< врати се назад