октомври 18, 2022

ХУМАНИТАРЕН ШТАНД ЗА НЕДЕЛАТА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Како дел од Кампањата во рамки на „Неделата за борба против гладта“, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес на 18-ти октомври поставија хуманитарен штанд. На истиот имаше вредносни бонови од 20 денари, но и рачни изработки, симболични подароци со мотивациски пораки, кои претходно на работилница ги изработија младите волонтери.

Во целокупните активности учествуваа вкупно 13 волонтери. Истите се реализираа под мотото „Помислете и на нас“. Средствата кои ги донираа граѓаните ќе се искористат за набавка на хуманитарни пакети кои ќе се поделат на семејства и лица кои живеат во социјален ризик.

< врати се назад