јули 8, 2019

ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО БАСКЕТ

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес поладнево и вечерва беа дел од хуманитарниот турнир во баскет за помош на Александар Караколев кој се одржа на терените во близина на гимназијата и хемиското училиште во градот.

Црвениот крст постави две касички за донации и еден штанд на кој присутните ги донираа нивните доброволни прилози.

На турнирот во баскет денеска настапија околу 30-тина екипи. На настанот покрај членовите на Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес присувстуваа и од повеќе мото клубови од државата.

< врати се назад