ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ТРЧАЈ И ДОНИРАЈ“
Во градскиот парк во Велес се одржа хуманитарна акција „Трчај и донирај“. Истата заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Здружението на граѓани „Велес Бајкинг“. Целта на акцијата е да му се помогне на 38-годишниот Тони Илиевски кој боледува од Ковид 19 и за чие што лекување потреба е поголема сума на средства во една од приватните болници во земјата.
Средствата кои се донираа на хуманитарната акција од страна на граѓаните рекреативци и посетители во градскиот парк веднаш се предадоа на член на семејството на Илиевски.
На акцијата учество зедоа тројца членови на Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст од Велес. Токму овие акции се доказ за зацврстувањето на имиџот на Црвен крст во градот, бидејки сите здруженија бараат соработка со организацијата при реализација на вакви проекти како формула за загарантиран успех.