мај 11, 2021

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО СЕЛО МЕЛНИЦА

Пред пазникот Рамазан Бајрам волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес доставија хуманитарна помош во велешкото село Мелница. Истата се содржи од 15 хуманитарни пакети со храна кои се доделија за исто толку семејства кои живеат во социјален ризик. Целта е да им се помогне пред празникот.

Хуманитарната помош е донација на семејството Етоски кое живеат и работат во Швајцарија. Ја подготвија Жито Маркети, а дистрибуцијата е со помош на Месната заедница во селото.

Освен овие, во наредните денови ќе се поделат уште 30 хуманитарни пакети кои се преостанатите од вкупно 45 колку што има во оваа донација. Инаку од семејството Етоски во изминатава година Црвениот крст има добиено многу донации.

< врати се назад