октомври 24, 2019

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА 13 ЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО

Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес доделија хуманитарна помош за 13-члено семејство кое живее во многу лоши услови на улица Славе Петков во близина на Којник. Хуманитарната помош се состои во прехрамбени производи, средства за лична хигиена и обувки за семејството во кое има осум малолетни деца и петмина возрасни.

Во наредните денови ќе однесеме и адаптирано млеко за двомесечниот Омар кој досега не бил соодветно хранет и затоа многу малку напредува.

Апел до сите граѓани кои сакаат да му помогнат на ова семејство тоа да го направат лично на улица Славе Петков број 52 или можат да донираат средства во проеториите на Општинската организација на Црвен крст.

< врати се назад