септември 2, 2020

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛЕС И ГОРНО ОРИЗАРИ

Волонтерите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес поделија над 80 пакети со хуманитарна помош, донација од КАМ маркети во Општинскиот штаб за заштита и спасување. Акцијата беше заедничка соработка помеѓу Црвениот крст, Општина Велес и Територијалната противпожарна единица.

Хуманитрната помош се доставува кај семејства и лица од социјален ризик. Списокот по кој се делеа пакетите го изготви Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи.

< врати се назад