ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ОСУМ ЧЛЕНОТО СЕМЕЈСТВО ВЕЈСЕЛОВИ
Волонтерите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес однесоа хуманитарна помош за осум членото семејство Вејселови кое живее на улица Јордан Џурнов во близина на областа Рамина.
Помошта се состоеше во пакет со храна, пелени за бабиња и најважното – анти рефлукс млеко за четри месечното бебе кое е оперирано на желудникот и секое друго млеко не може да го консумира.
Апел до сите хумани граѓани кое сакаат да донираат тоа, пред се анти рефлукс млеко, тоа да го направат во просториите на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес или лично кај семејството.
Хуманитарната помош се однесе по сугестија на патронажната сестра Валентина Димевска која прва ги виде условите и потребата од помош за ова семејство.