јуни 10, 2021

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ПЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ВО ВЕЛЕШКОТО СЕЛО ВЛАДИЛОВЦИ

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес доставија хуманитарна помош кај петчленото семејство Панови кое живее во велешкото село Владиловци на 30-тина километри од градот. Помошка се состоеше во пакет со храна, пакет со средства за хигиена, облека за трите деца и обувки за родителите. Сите овие производи се обезбедени од донација.

Ова семејство живее на работ на сиромаштија со многу егзистенцијални проблеми. Трите деца на возраст помеѓу три и седум години се чува мајката,а таткото едвај заработува за да се прехранат. Хуманитарна помош за семејството во Владиловци се доставува втор пат во изминативе два месеци.

< врати се назад