август 26, 2020
ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ВЕЛЕШАНИ
„Од велешани за Велес“. Ова е мотото со кое четворица хуамани сограѓани Ердован, Трајче, Ерѓул и Слободан, кои живеат во Швајцарија донираа 30 хуманитарни пакети со храна за семејства и лица кои живеат во социјлен ризик.
Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст денеска извршија поделба на пакетите. Истата се направи врз база на списоци кои се добиени од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи.
Ова не е прва донација од Швајцарската дијаспора која пристигнува во Црвен крст, а има за цел да е ублажат последиците од Пандемијата предизивикана од Корона вирусот. Претходно семејството Етоски донираше 45 пакети со храна.