декември 16, 2020

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ВЕЛЕС

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес денеска извршија поделба на 50 пакети за семејства и лица кои живеат во социјален ризик. Истите се донација од Фондацијата институт отворено општество Македонија, а се однесуваат на помош за граѓаните од ромската популација.

Донацијата вкупно содржи 100 пакети со стедства за хигиена. Првата половина од донацијата се подели во мосноста Поток, Тунел, Варналиеви, Прцорек. Освен овде хуманитарни пакети ќе добијат и дел од жителите на Рамина и Кумсал.

На овој начин им се помага на граѓаните во период кога навистина има потреба од тоа.

< врати се назад