септември 4, 2023

ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ЗА ЖИТЕЛИТЕ ОД СЛП, БЕЛЕШТЕВИЦА И КАРАБУНИШТЕ

Во текот на денешниот ден, волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ги посетија жителите од населените места С`лп, Белештевица и Карабуниште при што сите добија хуманитарен пакет со основни прехрамбени производи.

Причина за тоа е фактот дека овие жители повеќе денови се целосно отсечени поради штрајкот на вравботените во Македонски железници, бидејки патничкиот воз кој запира на железничката станица „Рајко Жинзифов“ е единствениот превоз до градот. Патот кој води до селата е во лоша состојва и може да се помине само со теренско возило.

За жителите од овие села, речиси сите возрасни лица и пензионери, денеска се поделија 25 пакети со храна. Во реализација на оваа активност се вклучи и Општина Велес и Територијалната противпожарна едницата.

< врати се назад