октомври 18, 2021

ХУМАНИТАРНО ТРЧАЊЕ ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Под мотото „Помислете и на нас“. Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес го одбележа 16-ти октомври Меѓународниот ден за борба против гладта. Истото го направи преку организација на Хуманитарна трка на пет километри во градскиот парк. На трката учество зедоа околу 25 лица кои испратија порака и ја подигнаа свеста кај граѓаните за фактот дека во градот има лица и семејства кои секојдневно не можат да обезбедат топол оброк.

Настанот имаше и хуманитарен карактер. Присутните посетители во градскиот парк и учесници во трката донираа средства кои ќе се искористат за набавка на пакети со храна и топли оброци.

Освен хуманитарната трка во Неделата за борба против гладот од 16 – 22 октомври ќе се постават и хуманитарни штандови на улиците во градот,а ќе се реализираат и контакти со велешки компании за донирање на средства кои ќе се искористат за оваа намена. За реализација на настаните вклучени се околу 10 волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад