мај 27, 2026

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО. 103 ДАРУВАЊА ВО ГРАДСКО

Успешна крводарителска акција во Градско. Крводарителите одново ја покажаа нивната хуманост. На првата крводарителска акција во 2026 година даруваа вкупно 103 единици.

Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско.

Во реализацијата учество зедоа волонтери од Основната организација на Црвен крст Градско.

< врати се назад