јуни 25, 2021

ИЗЛЕТ ВО ПРИРОДА СО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

 

Како дел од проектот „Социјализација на деца и млади со посебни потреби“ се одржа еднодневен излет во природа на езеро Младост. Заедно се дружеа волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна македонија и од Дневниот дентар за луца со посебни потреби. Освен дружбата целта е да се подигне нивото за социјализација и да се помине квалитетно време во природа.

Излетот се одржа на 24-ти јуни. Тој е дел од годишната програм на активности во рамки на проектот кој поддржан од Комерцијална банка се реализира над 10 години. Досега во рамки на истиот се посетени многу места во земјата, а како резултат на заедничките посети има склупено и многу добри пријателства и другарства помеѓу волонтерите и лицата од Дневниот центар.

< врати се назад