![](https://crvenkrst-veles.org.mk/wp-content/uploads/2022/11/314433842_689463242357112_428297822850249551_n-1000x560.jpg)
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Голема крводарителска акција по повод 9-ти ноември Ден на Општина Велес. Крводарителите од градот и околните населени места одново ја покажаа нивната хуманост. На традиционалната крводарителска акција која се одржа на 6-ти ноември даруваа вкупно 158 крвни единици. Од дарителите петмина даруваа за прв пат.
Крводарителската акција по 14-ти пат заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес, Мото клубот „Носачи на крстот“ и Општина Велес, заедно со две екипи од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Во реализацијата на акцијата активно учество зедоа и 13 волонтери од Клубот на млади. Освен логостичката поддршка тие поставија и информативен штанд со флаери на кој имаше испечатено факти за крводарителството,а се делеа и значки закрводарителите со јубилејни дарувања.