февруари 13, 2023
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОПШТИНА ЧАШКА
Прва крводарителска акција во Општина Чашка за 2023 година. Истата се одржа на 10-ти фаруари во просторрите на Основното училиште „Тодор Јанев“. Крводарителите докажаа дека хуманоста и помагањето на пациентите им се приоритет. На крводарителска акција даруваа вкупно 29 дарители. Од нив 24 мажи и пет жени.
Акцијата заеднички ја реализираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати, со поддршка од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.
Во реализацијата учество зедоа тројца волонтери од Основната организација на Црвен крст од Чашка. Во текот на годинава во Чашка се предвидени уште две крводарителски акции.