![](https://crvenkrst-veles.org.mk/wp-content/uploads/2021/08/236950856_430320161621266_5632260809215545115_n-1000x560.jpg)
август 21, 2021
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА 21-ВИ АВГУСТ ДЕН НА ОПШТИНА ЧАШКА
Традиционално 21-ви август Денот на општина Чашка се одбележува со крводарителска акција. Најхуманите граѓани од оваа општина, почитувајки ги сите активни мерки и протоколи за заштита на јавното здравје даруваа 31 крвна единица.
Крводарителската акција се одржа во организација на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, а помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.
Оваа е трета крводарителска акција во Чашка во 2021 година. На досегашните се даруваа 81 крвна единица.