март 18, 2021

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ЦРВЕН КРСТ И КРВОДАРИТЕЛСТВОТО 17-ти МАРТ

Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес го одбележа 17-ти март Ден на Црвен крст и Ден на крводарителството со крводарителска акција. Во Ликовниот салон во градот се одржа Пролетна акција.
Токму на денот посветен и на нив крводарителите не ја криеја нивната хуманост. Дојдоа во голем број, почитувајки ги мерките за заштита уредно чекаа во ред за да дадат крв и да помогнат таму каде е потребна. Вкупно даруваа 84 крвни единци. Од нив шестмина даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Голема благодарност за четворицата волонтери од Клубот на млади при Општинската организација од Велес како и за екипата од Инстутутот за трансфузиона медицина кои напорно работеа над шест часа без прекин и пауза.
Ден претходно на 16-ти март Општинската организација ги додели признанијата за крводарителите кои по јубилеен 50,75 или 100 пати дарувале крв во текот на 2019 или 2020 година.
< врати се назад