
август 20, 2026
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОПШТИНА ЧАШКА
Успешно реализирана крводарителска акција во Чашка. На акцијата која се одржа денеска беа дарувани вкупно 24 крвни единици. Двајца од крводарителите даруваа крв за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Крводарителската акција се одржа во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, со поддршка од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“. Во реализацијата на акцијата беа вклучени тројца волонтери од Основната организација на Црвениот крст од Чашка.
Акцијата се одржа по повод 21 Август – Денот на Општина Чашка, која оваа година одбележува 30 години јубилеј од своето постоење.














































