август 21, 2019

ЛЕТНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Голем одзив на Летна крводарителска акција. Крводарителите од Велес и околината, во двата дена на 13 и 14 август колку што траеше акцијата, донираа вкупно 161 крвна единица. Тоа е за една третина повеќе од акцијата во минатата година кога се реализиризаа 127 дарувања.

Поголем дел од дарителите или 128 беа од машки пол, останатите 33 беа жени. 11-мина од дарителите даруваа за прв пати и влегоа во најхуманото семејтво.

Оваа бројка е за голема почит и благодарност до сите крводарители кои се одзваа на акцијата, бидејки температурите беа ектремно високи и близу 40 степен целзиусов.

< врати се назад