мај 8, 2020

МОБИЛЕН ЛЕКАР ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ВЕЛЕШАНИ

Продолжува да се реализира услугата мобилен лекар за граѓаните на Велес кои сакаат да направат контролен кардиолошки преглед да измерат шеќер во крвта или пак да направат ЕКГ. Волонтерот на Општинката организација на Црвен крст, спацијалист кардиолог Атанас Ѓорѓиевски одговара на ссекој повик. Прегледите се извршуваат во текот на попладнавните часови откако ќе заврши со работното време во ординацијата.

Целта на оваа активност е повозрасните лица да не одат во амбулантите и да не остваруваат контакти со останати пациенти со што ќе се намали ризикот и изложеноста на COVID 19  вирусот.

Од почетокот на вондрената состојба до денес реализирани се 30 прегледи во домовите на граѓаните кои сакале да направат контролен кардиолошки преглед.

< врати се назад