април 1, 2020
МОБИЛНИТЕ ТИМОВИ НА ТЕРЕН ВО ВЕЛЕС И ВО ГРАДСКО
Тимовите на Општинската организација на Црвен крст од Велес денеска беа ангажирани за распределба на хуманитарни пакети. Помош во храна: брашно, зејтин, шеќер, шпагети, макарони, супи, ориз, грав, леќа, млеко и паштети добија лица кои во изминатиов период останале без работа, семејства во социјален ризик и самохрани родители. Пакетите беа поделени во Велес и во Градско.
Во меѓувреме апелираме до сите граѓани и компании кои сакат да донираат храна дека истото може да го направат во просториите на интернатот „Лазар Лазаревски“.
Денешните пакети се обезбедија од сопствени средства.