
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска органзација Велес и овааа година се вклучи во одбележувањето на „Неделата на борба потив гладта“. Целта на одбележувањето е да се поттикне свеста за сиромаштијата и за фактот дека во нашето општство постојат семејства и лица кои тешко обезбедуваат храна секој ден.
За оваа цел црвен крст обезбеди 18 хуманитарни пакети кои се доделија на семејства и лица кои живеат на работ на сиромаштијата. Најголе дел од донацијата или 15 пакети се обезбедоја од донација од граѓаните на Велес кои донираа 15.400,00 денари на Манифестацијата „Питијада 2026“ кога се донираше при сечењето на големата пита. Со донацијата се купија 15 хуманитарни пакети со основните прехрамбени производи.

Годинава во акцијата се вклучи и експозитората на NLB Банка во Велес. Вработените донираа прехрамбени производи од кои се подготвија хуманитарни пакети.














































