
НЕДЕЛА ЗА ГРИЖА НА СТАРИ ЛИЦA
„Годините минуваат, љубовта и грижата остануваат“ е мотото под кое оваа година се одбележува „Неделата за грижа на стари лица“.
По тој повод, волонтери од Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, реализираа домашни посети на лица во трето доба. Беа посетени вкупно 24 семејни домаќинства на пензионери во Велес.
Посетите беа можност за разговор, дружење и споделување на теми од секојдневниот живот, со цел да се внесе радост и да се разубави секојдневието на повозрасните лица. На сите посетени лица им беа доделени и мали подароци како знак на внимание и почит.
Активноста беше реализирана во соработка со Здружението на пензионери од Велес, а во неа учествуваа волонтери и претставници од стручната служба на Општинската организација на Црвениот крст Велес.
Со ваквите активности испраќаме порака дека грижата, вниманието и почитта кон повозрасните лица не треба да бидат само дел од една недела, туку секојдневна вредност.














































