
О Г Л А С
за именување секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес
Врз основа на Одлуката за овластување на комисија за објавување и спроведување постапка за именување секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес бр. 02-78/3 од 10.09.2026 година донесена од Раководниот одбор на ООЦК Велес година и Правилникот за именување и разрешување на генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, секретар на Црвен крст на Град Скопје и секретар на Општинска организација на Црвен крст бр. 0902-254/3 од 21.03.2022 година Комисијата за организација, развој и човечки ресурси при Општинката организација на Црвен крст Велес распишува,
О Г Л А С
за именување секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес
Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес го распишува овој оглас за именување на секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес за мандат од 4 (четири) години за периодот од декември 2026 до декември 2030 година.
Согласно со одредбите од Правилникот за именување и разрешување на генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, секретар на Црвен крст на Град Скопје и секретар на Општинска организација на Црвен крст бр. 0902-254/3 од 21.03.2022 година Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови и критериуми:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да поседува доказ дека не му е одземена деловната способност,
- да има висока или виша стручна подготовка,
- да има работно искуство од најмалку две години,
- активно познавање на основните компјутерски програми,
- да поседува организациски и раководни способности за вршење на функцијата.
- да достави Програма за своето четиригодишно работење во Општинската организација на Црвениот крст, за времетраењето на мандатот;“
- доколку кандидатот ја извршува функцијата секретар, односно вршител на должност секретар, да поднесе извештај за својата работа за периодот на вршење на функцијата.“
Во случај на исполнети услови од повеќе кандидати, за предност се смета познавањето и работата на организацијата на Црвениот крст како и активно познавање на еден од странските јазици кои се во официјална употреба во Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Пријавите на заинтересираните кандидати со личните биографии и потребните докази се доставуваат во затворени коверти до Општинската организација на Црвен крст Велес, ул, „8-ми Септември“ бр. 166 А Велес, Комисија за организација, развој и човечки ресурси со назнака – Пријава оглас за именување Секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.
Огласот се објавува од 28.09.2026г. и трае 8 (осум) дена од денот на објавувањето.
Пријавите кои се доставени по истекот на рокот нема да бидат предмет на разгледување.
Пријавите се доставуваат лично во архивата на Општинската организација на Црвен крст Велес, или по пошта на горе наведената адреса. Огласот се истакнува на огласна табла во Општинската организација на Црвен крст Велес и во централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија во Скопје













































