февруари 23, 2023

ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ ЗА БАЛЕТСКО СТУДИО АНАБЕЛА

Во просториите на балетското студио „Анабела“  на 22-ри февруари се одржа обука по прва помош. На истата присуствуваа околу 30-тина љубители на танцот, членови на балетското студио. Тие видоа и научија како да постапат во случај на повреда, рана или крварење. Потребата од оваа обука е голема бидејки честопати се случива на транинзите или на натпреварите да дојде до некоја несакана повреда. На овој начин тие ќе знаат како да постапат во прв момент додека не стигне стручна помош.

Обуката ја одржа Д-р Марија Давчева волонтер со над 25-годишно искуство во првата помош и тренер на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес.

< врати се назад