октомври 20, 2022

ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ ЗА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Како дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ се одржа обуки во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес. На истите присувствуваа ученици од сите генерации. Тие ги научија основните постапки за пружање прва помош во различни ситуации.

Обуките ги одржа Д-р Кевица Шопова Клифова, Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес и волонтер со над 25 годишно искуство на полето на првата помош.

Гимназијата Кочо Рацин редовно посветува соодветно внимание на првата помош. Нивните екипи на општинскиот натпревар се помеѓу најнаградуваните. Со активнкоста беа опфатени околу 100 ученици од гимназијата. Од крајот на месец септември бројката на обучени ученици во велешките училишта надмина 600.

< врати се назад