септември 13, 2021

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ НА ФЕСТИВАЛОТ „АЗОТ МТБ ПРЕДИЗВИК“

По повод 11-ти септрември Светскиот ден на првата помош во населеното место Богомила се одржа основна обука по прва помош за учесниците на овогодинешното издание на фестивалот „Азот МТБ предизвик“.

Обуката ја одржа Д-р Марија Давчева, со аситенција на две волонтерки од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст, а на истата присувствуваа над 50 слушатели. Таа привлече голем интерес кај љубителите на велосипедизмот и пешачењето во природа бидејки тие честопати се среќаат со повреди и имаат потреба од прушање на прва помош. Затоа акцент беше ставен на повреди од типот на скршеници, крварења и рани.

Во наредниот период обука за прва помош ќе се реализира и во сите основни и средни училишта на територија на Велес.

< врати се назад