септември 15, 2021

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ И РЕСУРСЕН ЦЕНТАР МАЦА ОВЧАРОВА

Околу 20-мина вработени лица и наставен кадар во основното училиште и ресурсен центар „Маца Овчарова“ во Велес го обновија нивното знаење за прва помош. Акцент се стави на срцево-белодробно оживување, скршеници, рани, крварење, епилептични напади и задушување.

Обуката е дел од кампањата, под мотото „Биди и ти херој во твоето училиште“ која се одржа на 15-ти септември,а ја изведе овластениот предавач Д-р Владо Хаџи Наумов, волонтер во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес над четири децении.

Во наредниот период ќе се одржат обука за прва помош и во останатите основни и средни училишта во градот.

< врати се назад