февруари 18, 2020

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ВО ССОУ КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Учениците од Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ денеска посетија обука по Прва помош. Истата е дел од националната кампања „Твоето незнаење чини живот“ која Црвениот крст ја реализира во сите градови низ државата.

Учениците се запознаа со основните постапки, методи и техники кои треба да ги применат доколку се најдат во ситуација да пружат прва помош.

Како идни возачи една од целите на Црвен крст е да ги оспособи да пружаат прва помош.

Во рамки на капмањата „Твоето незнаење чини живот“ во средните училишта во Велес досега се опфатени околу 150 средношколци. Обуки од овој тип ќе се одржат во сите училишта.

< врати се назад