ноември 9, 2022

ОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД БУЗАЛКОВО

Во основното училиште „Лирија“ во Бузалково се одржа обука по прва помош на која присувствуваа ученици од осмо и деветто одделение. Тие ги научија основните методи и техники за пружање прва помош во ситуација кога ќе наидат на рани, скршеници, крварење, срцево белодробно оживување или друг вид на повреди.

Обуката ја одржа Д-р Филип Тодоровски волонтер со над 40-годишно волонтерско искуство во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес.

Обуката по прва помош е дел од Кампањата „Првата помош спасува живот“. Со истата се опфатени младинци на возраст од 12 до 18 години. Почнувајки од септември волонтерите од Општинската организација на Црвен крст од Велес обучија 910 лица.

< врати се назад