март 14, 2025

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЈУБИЛЕЈ – 80 ГОДИНИ ЦРВЕН КРСТ НА

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес на ден 13.03.2025 година во Големата Сала на Општина Велес, го одбележа јубилејот, 80 години постоење на Црвен Крст на Република Северна Македонија, под мотото “Ние гледаме луѓе” .

На настанот присуствуваа градоначалниците на 3те општини – локални самоуправи кои ги опфаќа Општинската организација: Општина Велес, Општина Чашка и Општина Градско, на кои им беа доделени благодарници по повод јубилејот, како знак на благодарност за неизмерната поддршка во работата и мисиите на нашата Организација.Благодарниците беа доделени од страна на Претседателот на Црвен крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев.

Исто така на настанот присуствуваа директорите на училиштата со кои имаме неизмерна и долгогодишна соработка, наставници, здруженија и долгогодишни соработници како и претставници на Гарнизонот на АРМ при Велешката касарна, од ТППЕ, од ДЗС како и претставници на институции, здруженија на граѓани, компании.

Нашите манифестации секогаш се проследени со настап на нашите соработници. Едни од нив секако се ОМУ „Стефан Гајдов“ со настапот на Софија Алексовска на пијано и оркестарот на традициски инструменти. Освен оваа музичка изведба не забавуваа и малечките балерини од Балетското студио Анабела кои се наша поддршка и редовен учесник на повеќето настани и манифестации.

Ви се заблагодаруваме за неизмерната поддршка, соработка и помош за настаните, акциите и проектите на Општинската Организација Велес, и се надеваме на уште посилна соработка.

Сега кога зборуваме за осум децении постоење на Црвениот крст со гордост можеме да кажеме дека и меѓу нас има луѓе кои ги имаат карактеристиките искажани за хуманоста. Тие се тука. На многумина и името не им го знаеме. Но тие секогаш, така безимени и тивки во својата скромност се подготвени да помогнат.

Благодарност до сите гости и учесници на настанот. Уште многу години да славиме!

< врати се назад