март 13, 2023

ОДРЖАНИ ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ

Во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес се одржаа врснички едукации на теми кои се интересни за младите како што се вербално насилство, позитивни и негативни страни на социјални мрежи, екологија, трговија со луѓе итн…

Едукациите ги одржаа десет волонтери кои работеа во парови, а преку овие едукации тие се подготвија да работат на терен каде што ќе можат да го пренесат нивното знаење на своите врсници. Токму врскичките едукации се основа во Црвениот крст како начин преку кој многу полесно и поотворено може да се разговара на одредени теми со лица на иста возраст. Истите како посебна алатка за прв пат започнаа да се реализираат во Општинската организација на Црвен крст од Велес.

< врати се назад