јуни 10, 2021

ОДРЖАНО РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ

Со присувство на 12 од вкупно 19 членови Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес во конференциската сала на Хотел Интернационал го одржа редовното годишно собрание. На собранието се потврди одлуката за донесување на Програма за работа и Финасовиот план за 2021 година, а се изгласаа и Годишниот извештај за работата на Општинската организација во 2020 година и Извештајот за приходи и расходи во истата година.

На собранието беше констатирано дека Општинската организација се движи во вистинска насока, со многу развојни компоненти, со зголемен број на членови и волонтери и со стабилна финасиска ситуација. Посебен акцент беше ставен на брзиот и правовремен одговор во период на најтешките моменти од Корона кризата, но и за големиот ангажман кој сега го имаат волонтерите на пунктот за масовна имунизација во ССОУ „Коле Неделковски“.

< врати се назад