октомври 21, 2022

ОТВОРЕН УЧИЛИШЕН КЛУБ НА ЦРВЕН КРСТ ВО ООУ БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Учениците од „ООУ Блаже Конески“ се дел од големото семејство хумани волонтери кои придонесуваат за работењето на организација бидејки и официјално започна да функционира Училишен клуб на Црвен крст. Изработена е програма по која ќе работат сите ученици кои се дел од едно катче на хуманост, едукација и поддршка.

Училишниот клуб се отвори со дисеминациска сесија за сите заинтересирани ученици кои сакаат да членуваат во него, на која подобро се запознаа со организацијата на Црвен крст, принципите на делување, симболот и значењето. На отворањето на клубот беше извршена и донација на детска инвалидска количка која училиштето ќе ја користи доколку има потреба во процесот на инклузивно образование.

< врати се назад