мај 11, 2021

ПАКЕТ СО ХРАНА ЗА НАЈНИСКАТА ЖЕНА ВО ДРЖАВАТА

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес не ја забораваат 63 годишната Славица Димовска, најниската жена во државата која живее во Чашка и е висока едвај еден метар. Тие ја посетија Славица, а притоа и донираа пакет со прехрамбени прозиводи кое се донација од семејството Етоски од Швајцарија.

Ова не е прв пат волонтерите на Црвен крст да и помагаат на Славица Димовска. Освен хуманитарна помош во пакети со храна и средства за хигиена, пред две години еден тим преку Програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ беше вклучен во проект за реновирање на нејзината семејна куќа.

Секоја посета на домот во Чашка кај Баба Цава, како што е позната, е вистинко задоволство и уживање да се биде во друштво на една многу позитивна и отворена личност која секогаш не пречекува со добро расположение и желби за среќа и здравје на сите.

< врати се назад