декември 6, 2019

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЕДУЦИРАНИ ЗА ПРВА ПОМОШ

Во просториите на Здружението на пензионери од Велес се одржа едукација на Прва помош. Присутните научија како да постапат во случај на безсознание, скршеница, крварење, повреда на рбетен столб и уште неколку покарактеристични повреди. Потребата од оваа едукација се појави бидејки повозрасните лица често може да се повредат поради нивната намалена моторичка способност, но исто така тие не ретко ги среќаваат ваквите повреди и кај своите внуци, па затоа е добро да знаат како да реагираат.

Едукацијата ја изведе Д-р Кевица Шопова Клифова волонтер во Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Велес. На истата беа присутни 15 членови од Здружението на пензионери.

< врати се назад