август 5, 2021

ПОДДРШКА ЗА ФЕСТИВАЛОТ НА АНТИЧКА ДРАМА СТОБИ

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес од 03-ти август до 16-ти август е главна логистичка поддрршка на Фестивалот на античка драма во Стоби кој се одржува по 18-ти пат. Десетмина волонтери, главно од Клубот на млади се ангажирани во деновите кога има претстава. Тие се задолжени за спроведување на здравствено безбедносните протоколи и за организација на распоредот за седење на присутните гости.

На отворањето на фестивалот Црвен крст беше единствената организација која пружи логистичка поддршка на манифеставијата. На овој начин само се продлабочува одличната соработка која ја има Општинската организација со локалните институции,а пред се со Театар Џинот

 

< врати се назад