септември 3, 2026

ПОДЕЛЕНИ 20 КОМПЛЕТИ УЧИЛИШЕН ПРИБО

Акцијата за собирање училишен прибор успешно ја заокруживме со поделбата на 20 комплети училишен прибор во четирите основни училишта во Велес – ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Блаже Конески“, ООУ „Панко Брашнаров“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“.

Во секое училиште беа доделени по 5 комплети училишен прибор, наменети за ученици на кои ваквата поддршка им е најпотребна.

Секој комплет беше внимателно подготвен со основниот училишен прибор потребен за почеток на учебната година – тетратки, комплет линијари, шестар, блокови за цртање, водени бои, темперни, дрвени и мрсни боици, острилки, моливи, гуми, фломастери, ташнички за прибор и други материјали, а обезбедени беа и 10 ранци.

Вкупната приближна вредност на обезбедениот училишен прибор и ранците изнесува околу 31.000 денари.

Голема благодарност до сите граѓани и донатори кои се вклучија во акцијата, како и до нашите волонтери кои со својата посветеност помогнаа донациите да стигнат до оние на кои им се најпотребни.

< врати се назад