јануари 8, 2025

ПОДЕЛЕНИ 700 ТОПЛИ ОБРОЦИ

Новата 2025 година, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ја започнаа со голема хуманитарна акција. Тие на 06-ти јануари поделија 700 топли оброци за лица и семејства од градот кои живеат во социјален ризик.

Акцијата се реализираше во центарот на Велес. Во истата беше вклучена и Гостилница Боем кои ги зготвија оброците донирани од повеќе компании во градот.

Во реализација на хуманитарната акција учество зедоа четворица волонтери.

< врати се назад