април 15, 2021

ПОСТЕРИ И МАИЦИ ЗА УЧИЛИШТАТА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

Волонетрите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес посетија три училишта во рурални средини и донираа нови маици за дел од учениците. Хуманитарната помош во вид на пратка пристигна од Германскиот Црвен крст. На 15-ти Април донација беше доставена во Горно Врановци, Мелница и во Извор.

Освен маици училиштата добија и по неколку постери со кои на многу лесен и визуелен начин се прикажани сите чекори за правилно миење на раце, нешто што може многу да им помогне пред се на помладите во период на Пандемија со Корона вирус. Освен во овие три населени места во наредниот период ќе бидат посетени и други основни училишта каде ќе биде предадена иста таква донација.

< врати се назад