септември 7, 2021

ПОСТЕРИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19

Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес ги посетија сите основни и средни училишта во градот и им поделија постери за заштита од Ковид 19. На истите сликовито е претставен процесот  на правилно миење на раце како една од основните мерки за заштита од трансмисија на вирусот.

Вкупно се поделија 70 постери. До крајот на неделава истите ќе бидат доставени и во училиштата надвор од градот како и во сите клонови на детските градинки. Оваа активност и уште една во низата на Црвениот крст за ублажување на последиците предизвикани од пандемијата.

 

< врати се назад